Најмалку 16 лица се повредени во утрински ракетен напад врз Одеса, меѓу кои и петмесечно бебе, соопшти Олексиј Кипер, претседател на Одеската обласна воена администрација.
Шестмина од повредените се хоспитализирани, вклучително и бебето. Во нападот се целосно разрушени горните катови на повеќекатна станбена зграда, додека експлозивниот бран оштетил и соседни објекти и гасовод со низок притисок.
Надлежните служби се на терен и работат на санирање на последиците од нападот. Засега нема информации за други повредени.
Слични новости
Американците масовно излегоа на избирачките места за Конгресот гласаа веќе 54 милиони луѓе
Повеќе од 54 милиони Американци веќе гласаа за изборите за Конгресот, пренесе американската телевизија Си Ен Ен. Во многу сојузни држави каде што се води неизвесна борба, бројот на рани гласови веќе го надмина нивото забележано пред четири години.
Трамп се закани со блокади на законите ако демократите го освојат мнозинството во Конгресот: „Ќе станам господин Вето“
„Тие ќе испраќаат закони, а јас ќе ги блокирам. После еден или два месеци ќе разберат дека е тоа губење време и ќе дојдат за да постигнеме договор’, порача Трамп.
Вучиќ и СНС најавија дека нема да учествуваат на претседателските збори
Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ најави дека неговата Српска напредна странка нема да учествува на претстојните претседателски избори, порачувајќи им на победниците на парламентарните избори сами да си најдат противкандидати.


