Во руските ракетни напади врз градот Добропилија во источна Украина во текот на ноќта загинаа најмалку 11 лица, а ранети се 37, меѓу кои пет деца, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.
Тројца цивили се убиени во напад со беспилотно летало врз регионот Харков на североисток, додаде Министерството за внатрешни работи.

Украинските власти соопштија дека руските сили ја нападнале Добропилија со неодреден број проектили, вклучително и со балистички ракети и беспилотни летала. Оштетени се осум катни згради и 30 автомобили.
„За време на гаснењето на пожарот, окупаторите повторно нападнаа и оштетија противпожарно возило“, соопшти министерството на својот канал Телеграм.
Добропилија, град со предвоено население од околу 28,000 жители, се наоѓа во источниот регион Доњецк, 22 километри северно од главниот град Покровск, кој руските трупи го напаѓаат со недели.
Слични новости
Најмалку 85 убиени во израелски напади во Газа
Министерството за здравство на Газа, палестинската енклава управувана од милинтантното движење Хамас, соопшти дека во израелските напади во текот на ноќта кон четвртокот загинале најмалку 85 луѓе, главно деца и жени
Илон Маск: Америка тоне и се заканува банкрот поради корупција и високи расходи
На САД им се заканува банкрот поради корупција и превисоки расходи, изјави шефот на одделението за ефикасност на владата Илон Маск. „Ако државата троши премногу, ако не троши паметно, ќе банкротира како и човек во приватен бизнис.
Во Турција уапсени 37 луѓе поради објави на социјаните мрежи за апсењето на Имамоглу
Во Турција се уапсени 37 луѓе кои се сомничат дека на социјалните мрежи објавувале провокативни коменатри за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја