Високите бранови во Тенерифе однесоа десетици луѓе во морето, при што загинаа најмалку тројца, соопштија локалните власти во шпанската туристичка дестинација во неделата.

Една од жртвите е 79-годишна Холанѓанка, објавија локалните медиуми, опишувајќи го инцидентот во саботата попладне во Пуерто де ла Круз, град на северната страна од островот Тенерифе, кога брановите ја однесоа неа и уште девет лица во водата.

Полицијата и случајните минувачи успеале да ги спасат сите од водата, но Холанѓанката доживеала срцев удар и почина и покрај тоа што службите за итни случаи се обидоа да ја спасат. Девет други лица биле однесени во болница со повреди, од кои некои се сериозни.

 

Втората жртва е забележана во Чарко дел Виенто, град на околу 15 километри западно од Пуерто Ла Круз, кога 43-годишен Шпанец кој ловел риба падна во водата. Бил извлечен од морето со хеликоптер, но службите за итни случаи набрзо ја потврдија неговата смрт.

Шест француски туристи, исто така, биле однесени од брановите на североисточниот брег на островот, но претрпеле само полесни повреди.

Третата жртва е потврдена во близина на плажата Ел Кабезо во Гранадиља де Абона кога властите добиле повик дека е забележано тело како плута на површината.

globe

Слични новости

Судири на Крит меѓу полицијата и земјоделците

Судири на Крит меѓу полицијата и земјоделците

Во Ираклион и Хања на Крит избувнаа судири меѓу земјоделците и грчката полиција, откако групи земјоделци и сточари нападнаа полициски сили пред аеродромите во двата града.
Во инцидентите беа повредени осум полицајци

ЕУ и НАТО: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

ЕУ и НАТО: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина

безбедноста на Украина
Суверенитетот на Украина мора да биде почитуван, а нејзината безбедност гарантирана на долгорочен аспект при секаков мировен договор со Русија, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен