Легендарниот режисер Роб Реинер кој беше пронајден мртов заедно со неговата сопруга остави огромна трага во Холивуд. Тој ја почна успешната кариера со филмот „This is Spinal Tap“ во 1984, а веднаш потоа следуваа „The Sure Thing“, „Stand By Me“ „The Princess Bride“,секоја година по еден филмски хит.

Како исклучително таблиран режисер во Холивуд во 1989 го снимаше филмот „Кога Хари ја сретна Сали“ со Мег Рајан и Били Кристал што е ден денес класика во ром-ком жанрот.

Потоа во 1990 го сними милфмот „Мизерија“ со Џејмс Кан, според книгата на Стивен Кинг, во кој Кети Бејтс доби Оскар за главна женска улога.

Негов најдобар филм се смета трилерот „ Неколку добри луѓе“ од 1992, со Том Круз, кој доби 4 номинации за оскар, а критиката ги смета сцените со Џек Николсон во судницата за едни од најдобрите во неговата кариера.

Потоа Роб Реинер повеќе се посвети на политичкиот активизам во Холивуд како жесток либерал, а еден од неговите последни филмови беше црната комедија „The Bucket List“ со Морган Фриман и Џек Николсон.

Филмот беше голем успех на Бокс офисот и го популаризираше концептот на Bucket List во секојдневниот живот на луѓето.

Слични новости

САД бараат од Украина повлекување од Доњецк доколку сака мир

САД бараат од Украина повлекување од Доњецк доколку сака мир

Американските мировни преговарачи ѝ кажаа на Украина на разговорите во Берлин дека мора да се согласи да ги повлече своите сили од источен Донецк како дел од каков било договор за ставање крај на речиси четиригодишната војна, изјави функционер запознаен со ова прашање.

Зоотопиа 2 стана најуспешен холивудски блокбастер за 2025 за само 18 дена

Зоотопиа 2 стана најуспешен холивудски блокбастер за 2025 за само 18 дена

Една од причините за фантастичниот успех на „Зоотопиа 2 “ е пазарот во Кина каде што филмот надмина заработка од 500 милиони долари. Филмот е сеуште прва на американскиот Бокс Офис и се очекува да продолжи со огромната заработка.

Суд во Хонгконг го прогласи медиумскиот тајкун за виновен за кршење на законот за национална безбедност

Суд во Хонгконг го прогласи медиумскиот тајкун за виновен за кршење на законот за национална безбедност

Суд во Хонгконг го прогласи медиумскиот тајкун Џими Лаи, основач на продемократскиот весник Apple Daily, за виновен за заговор за договарање со странски сили и објавување материјали што поттикнуваат бунт