Трите најголеми европски нафтени компании Шел, БП и Тотал Енерџиз остварија во првиот квартал од годината значајни дополнителни приходи благодарение на големите осцилации на светските енергетски пазари, објави Фајненшал тајмс.

Според проценките на аналитичарите, дополнителната заработка на трите компании изнесува меѓу 3,3 и 4,75 милијарди долари.

До растот на профитот дојде благдарение на нивните трговски одделенија кои профитираа од геополитичките настани, вклучувајќи ги конфликтите во Иран и Венецуела.

Овие сегменти на нивното работење учествуваадо 69насто во вкупниот порат на кврталните добивки и на тој начин ја потврдија предноста на силни трговски одделенија во однос на конкурентите од САД, каде што профитот е главно врзан за производството на нафта.

Слични новости

Морган Стенли укинува 2.500 работни места

Намалувањето на бројот на работните места се случи во три главни дивизиски банки- инвестициското банкарство и трговијата, управување со богатството и управување со инвестициите.

Стравот од долга војна ги подигна цените на енергентите кон максимум

Цените на гасот се ближат кон тригодишниот максимум, додека цената на нафтата Брент надмина 84 долари по барел. На берзите завладеа страв дека војната на САД и Израел против Иран ќе трае подолго од тоа што се очекуваше.