Реал Мадрид денеска и официјално го потврди ангажманот на еден од најголемите светски таленти, Франко Мастантуоно.

Во соопштението Реал Мадрид наведува дека Мастантуоно од 2019 до 2025 година е член на Ривер Плата, како и дека во 2024 година станал најмладиот стрелец во историјата на тимот од Буенос Аирес со кој успеа да го освои и Суперкупот на Аргентина.

За услугите на Аргентинецот, кој игра на позицијата десно крило Реал Мадрид ќе плати околу 39 милиони евра, а младиот фудбалер се обврза на верност од шест години.

Слични новости