Европа на преминот меѓу јули и август ја очекува нов силен топлотен бран, кој според прогнозите на „Severe Weather Europe“ ќе донесе екстремно високи температури, особено во западниот, централниот и јужниот дел од континентот.
Метеоролозите предупредуваат дека над голем дел од Европа ќе се формира таканаречена „топлотна купола“, атмосферски феномен што го задржува жешкиот воздух над истото подрачје со денови, што дополнително ги зголемува температурите.
Најпрво, најсилниот удар на горештините ќе го почувствуваат Шпанија, Португалија и Франција, каде што температурите кон крајот на јули и почетокот на август на повеќе места би можеле да надминат 40 Целзиусови степени, а локално да достигнат и до 45 степени.
Потоа, топлиот воздушен бран ќе се прошири кон централна Европа, Италија, Унгарија и северниот дел на Балканот. Во другиот дел од Балканот и Македонија температурите главно ќе се движат меѓу 35 и 39 степени, што исто така претставува сериозен ризик за постарите лица, хронично болните, децата и луѓето кои работат на отворено.
Метеоролозите предупредуваат и на појава на тропски ноќи, кога температурите нема да се намалуваат доволно за организмот и објектите да се разладат, што дополнително ќе го зголеми здравствениот ризик.
Според сегашните прогнози, овој атмосферски систем би можел да се задржи над Европа речиси две недели, носејќи долготрајни горештини и зголемена опасност од пожари во повеќе земји
Слични новости
Пожарот кај Рамни Габер се уште не е изгаснат
Противпожарните екипи на Град Скопје и во текот на ноќта остаа да ја следат состојбата во селото Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране.
Македонија со напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност, искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.
И денеска сончево и многу топло со температури до 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Максималната температура во Македонија ќе достигне од 32 до 40 степени.


