Официјални претставници потврдија дека разговорите за можен втор круг мировни преговори со Техеран се во тек и ги оценија како „продуктивни“.

Во меѓувреме израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја е „подготвена за секое сценарио“, додека иранската војска се закани со можни напади врз бродскиот сообраќај во Персискиот Залив, Црвеното Море и Оманскиот Залив.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лидерите на Израел и Либан денеска ќе одржат разговори, со цел да се намалат тензиите меѓу двете земји.

Тој нагласи дека САД се обидуваат да обезбедат „малку простор за здив“ во регионот, каде што безбедносната состојба останува кревка и покрај примирјето со Иран.

 

Слични новости

Европа ги проширува воено-безбедносните планови на Арктикот

Европските политичари се обидуваат да испратат сигнал до Вашингтон дека се способни самостојно да придонесат за заштита на американските интереси во поларниот регион, без да напаравт отстапки по прашањето на Гренланд.