Берзанските индекси пораснаа на Волстрит во четвртокoт, благодарение на надежите на инвеститорите за ублажување на трговските тензии меѓу САД и Кина, откако Белата куќа потврди дека ќе се одржи средба меѓу претседателот Доналд Трамп и Си Џинпинг.

Индексот Dow Jones порасна за 0,31 отсто на 46.734 поени, додека S&P 500 порасна за 0,58 отсто на 6.738 поени, а индексот Nasdaq порасна за 0,89 отсто на 22.941 поен.

Пазарот беше поддржан од пораката од Белата куќа дека Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг следната седмица на турнеја низ Азија.

Трговските тензии меѓу двете најголеми економии во светот се зголемуваат веќе некое време, а Трамп во последните денови изјави дека очекува успешна средба со Си, но и дека средбата можеби воопшто нема да се случи. Потврдата од Белата куќа дека средбата ќе се одржи на крајот од следната седмица ги зголеми надежите на инвеститорите за ублажување на трговските тензии.

„Јасно е дека потврдата за средбата меѓу Трамп и Си е позитивна за пазарот, кој во последните денови оди малку нагоре, малку надолу поради трговските тензии“, смета Закари Хил, портфолио менаџер во комапнијата „Horizon Investments“.

Инвеститорите се фокусираа и на кварталните деловни извештаи на компаниите. Повеќето од нив постигнуваат подобри од очекуваните резултати, но има и потфрлања.

Вчера, цената на „Tesla“ првично падна за околу 3 отсто откако производителот на електрични автомобили објави пониска од очекуваната добивка, но до крајот на тргувањето, цената на „Tesla“ порасна за повеќе од 2 отсто.

Повеќе од 120 компании во индексот S&P 500 досега објавија резултати, при што 86 отсто од нив објавија заработка поголема од очекуваната.

Затоа аналитичарите во анкетата на Reuters сега проценуваат дека заработката на компаниите од S&P 500 во третиот квартал се зголемила за 9,9 отсто во однос на претходната година, во споредба со зголемувањето од 8,8 отсто на почетокот на сезоната за финансиско известување.

Цените на акциите, исто така, пораснаа на европските берзи вчера. Лондонскиот индекс FTSE доби 0,67 отсто, на 9.578 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,23 отсто, на 24.207 поени, а парискиот CAC за 0,23 отсто, на 8.225 поени.

globe

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица