Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) изрази загриженост поради измените во програмата за сеопфатно сексуално образование, оценувајќи дека во процесот на донесување одлуки недоволно се слушаат мислењата и потребите на младите.

Од Советот посочуваат дека програмата, првично замислена како изборен предмет за средношколците, била ревидирана и преименувана во „Здравје и заштита на здравјето“, при што биле отстранети или изменети делови што се однесуваат на родот, контрацепцијата и сексуалното здравје.

Советот бара Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието јавно да објаснат дали учениците и младинските организации биле консултирани при измените на програмата и на кој начин биле земени предвид нивните ставови.

Дополнително, бараат да се организира структуриран дијалог со средношколците, ученичките организации и младинските здруженија, како и да се преиспита ревидираната програма врз основа на стручни докази и реалните потреби на младите.

 

Слични новости

Обемна полициска акција во Куманово против лихвари

Обемна полициска акција во Куманово против лихвари

Засилено полициско присуство и претреси на повеќе локации утрово во Куманово се дел од голема акција на МВР за разбивање организирана криминална група. Групата е осомничена дека подолг период дејствувала во Куманово и пошироко, занимавајќи се со изнуда, лихварство, перење пари, закани и уцени.