Цените на нафтата нагло пораснаа во првите тргување откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот.

Американската сурова нафта се зголеми за околу 8 долари за барел, или 12 проценти и таа сега изнесува околу 75 долари за барел. Цената на нафтата Брент пак скокна на 82 долари за барел. Пред почетокот на американско-израелските напади врз Иран цената на Брент нафтата за барел изнесуваше малку над 73 долари.

 Аналитичарите сè уште не очекуваат повторување на енергетскиот шок што следеше по почетокот на војната во Украина, иако предупредуваат дека нов конфликт би можел да го забрза порастот на цените во време кога се очекуваше тие постепено да се смират

Слични новости

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари за барел

Цената на нафтата денеска падна на помалку од 100 долари за барел, а европските индекси бележат силен раст откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската војска би можела да ги заврши акциите во Иран во рок од две до три недели.