Цените на нафтата повторно бележат силен раст по инцидентот во Ормуски теснец. Настанот ја зголеми загриженоста за глобалното снабдување со енергенси и предизвика бурни реакции на пазарите.

На лондонскиот пазар, цената на нафтата од типот „Брент“ порасна за 5,7 проценти и достигна 87,30 долари за барел, додека на американскиот пазар цената се искачи за над 6,2 проценти, на 89,05 долари.

Овој скок доаѓа по падот минатата недела, кога надежите за деескалација привремено ги намалија цените.

Неизвесноста околу најавените преговори во Исламабад дополнително ја засилува нестабилноста на глобалните енергетски пазари.

Слични новости

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Според најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД, економијата на САД изгубила околу 92.000 работни места, што претставува сериозен удар за економските очекувања и политичката реторика на Доналд Трамп.