Цените на нафтата се искачија над 71 долар за барел во понеделникот, бидејќи кинеските стимулации на потрошувачката и обновените тензии во Црвеното Море ги надминаа шпекулациите дека олеснувањето на американските санкции може да го отвори патот за зголемени испораки од Русија.

На лондонскиот пазар со барелот нафта попладнето се тргуваше по цена повисока за 48 центи во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата седмица, 71,06 долари. Речиси за исто толку порасна цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 67,63 долари.

Оргенизацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки поетнил за 36 центи на 72,98 долари во петокот.

 На почетокот од седмицата, расположението на пазарите беше обележано со обновени американски напади врз Јемен. Американскиот претседател Доналд Трамп нареди напад врз позициите на движењето Ансар Ала во Јемен во саботата, откако тие објавија дека со напади ќе го попречуваат сообраќајот низ Црвеното Море. Јеменското движење извести дека продолжува со нападите врз бродови поврзани со Израел сѐ додека Тел Авив го блокира договорот за прекин на огнот во окупираниот палестински Појас Газа.

Во понеделникот, цел на нападите беа пристаништето Ходеида на Црвеното Море и регионот Ал Џауф северно од главниот град Сана, јави јеменската телевизија. Воената операција на САД може да потрае со седмии, изјави неименуван американски функционер за Reuters.

Кинеските економски податоци, исто така, дадоа поддршка за цените на почетокот на неделата. Продажбата на мало во Кина се забрза во јануари и февруари, и покрај зголемената невработеност, а рафинирањето на нафта во рафинериите благо порасна, поттикнато од посилната побарувачка во сезоната на патувања за одмор. За да се компензира за слабеењето на странската побарувачка, Пекинг одлучи да го насочи својот фокус на домашната потрошувачка.

„Пазарот во понеделник е поддржан од кинеските планови за стимулирање на потрошувачката и обновените ризици во Црвеното Море“, заклучи Оле Хансен од „Saxo Bank“.

Повлекувањето на цената беше, сепак, најавениот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на војната во Украина, при што аналитичарите шпекулираат дека руско-украинските мировни преговори би можеле да ги зголемат шансите руската нафта да се врати на светските пазари.

Трговците, исто така, се вознемирени од новите царини и одлуката на OPEC и неговите сојузници големи независни произодители предводени од Русија (OPEC+) да ја зголемат понудата почнувајќи од април.

„Но, ова зголемување ќе биде неутрализирано со построги американски санкции кон Иран“, забележува Хансен.

globe

Слични новости

Волстрит расте втор ден по ред

Волстрит расте втор ден по ред

На Волстрит цените на акциите пораснаа втор ден по ред во понеделникот, најмногу благодарение на корекцијата по остриот пад на берзанските индекси минатата седмица

Масовно истекоа дозволите за американскиот увоз на месо во Кина

Масовно истекоа дозволите за американскиот увоз на месо во Кина

Дозволите за увоз на повеќе од 1.000 американски компании за месо одобрени од Кина според трговскиот договор „Фаза 1“ од 2020 година истекоа во неделата, покажа кинеската царинска веб-страница, заканувајќи се на извозот од САД до најголемиот купувач во светот поради војната за царини