Цените на нафтата се искачија над 64 долари на меѓународните пазари во четвртокот, бидејќи знаците за поголема побарувачка во САД и пожарот во нафтениот објект во Венецуела ги потиснаа во втор план проценките за суфицит следната година.

Со барелот во Лондон се тргуваше за 68 центи повисоко попладнево од вчерашното затворање на пазарот од 64,19 долари. На американскиот пазар, беше за 65 центи поскап, на 60,09 долари.

Засебните пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажуваат дека барелот од референтната кошничк нафта на нејзините членки во средата поскапел за 11 центи, на 64,65 долари.

Трговците се фокусираа на знаците за поголема побарувачка во САД во четвртокот. Залихите на сурова нафта се намалија за 3,4 милиони барели минатата седмица, соопшти Министерството за енергетика. Залихите на бензини се зголемија за 2,3 милиони барели, сигнализирајќи го крајот на сезоната за одржување на рафинериите и подготовките за Денот на благодарноста и почетокот на патувања, кој годинава паѓа на 27-ми ноември. Американците масовно патуваат за празниците, а побарувачката за гориво се очекува да биде поголема.

Пазарите беа поттикнати и од податоците за вработеноста во САД во септември, кои покажаа дека работодавците додадоа нето 119.000 работни места, претежно во приватниот сектор. Министерството за труд го објави својот септемвриски извештај со еден месец задоцнување поради затворањето на федералната влада.

Во петок, стапуваат на сила санкциите на САД врз руските нафтени гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“, воведени од претседателот Доналд Трамп за ограничување на рускиот буџет за војната во Украина. Неизвесноста е додадена од медиумските извештаи дека Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин подготвиле мировен план за прекин на конфликтот.

Попладнето, пак, вниманието на трговците го привлече веста за пожар во објект на државната нафтена компанија на Венецуела PDVSA, според работниците и изворите на компанијата. Работниците се евакуирани и никој не е повреден, според властите досега.

„Petrocedeno“ вади „тешка“ нафта и ја намалува содржината на сулфур за да ја испорача до странски клиенти во „полесна“ верзија. Производствениот капацитет на објектот е 200.000 барели дневно. Во такви услови, проценките за вишокот на светските пазари во следната година паднаа во втор план.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) проценува дека пазарот во следната година ќе надмине четири милиони барели дневно. Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) сега очекува мал плус, што е спротивно на прогнозите што покажаа рамнотежа помеѓу понудата и побарувачката.

globe

Слични новости

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

Секоја четврта продавница не издава фискални сметки

До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред

На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД

Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица