Цената на сировата нафта Брент падна под 105 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта ВТИ падна на под 100 долари за барел, откако иранските државни медиуми објавија дека се планираат разговори со земјите од Персискиот залив во Оман.

Тоа ги поттикна очекувањата дека и покрај екслацијата на тензиите во минатата недела, би можеле да бидат покренати дипломатски активности, пренесе Трејдинг економикс.

Се очекува министерите за надворешни работи на шест земји од Персискиот залив во понеделник да се состанат со иранскиот колега за да разговараат за можен привремен договор за управување со поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.

 

 

Слични новости

Американските акции паднаа откако ФЕД изрази загриженост поради движењата на инфлацијата

Претседателот на ФЕД изјави дека најновите податоци за индексот на цените на личната потрошувачка и на цените на потрошувачката се нешто подобри од очекувањата, но дека не укажуваат на значително подобрување на инфлаторните трендови.