Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под нивото од 61 долар во петокот, балансирајќи меѓу загриженоста за прекумерно снабдување и ескалацијата на геополитичките ризици, вклучувајќи ја војната во Украина и извозот на нафта од Венецуела.
На лондонскиот пазар, со барелот се тргуваше попладнево по цена од 50 центи пониска отколку на затворањето на тргувањето во средата, на 60,35 долари. На американскиот пазар, барелот беше 49 центи поевтин и чинеше 56,93 долари.
Во 2025 година, референтните цени на нафтата на лондонската и американската берза паднаа за речиси 20 отсто, што е најголем пад од 2020 година, бидејќи стравувањата од прекумерна понуда и влијанието на санкциите ги надминаа геополитичките ризици. Цените на лондонскиот пазар се намалија трета година по ред, што е најдолгиот период на пад досега.
Одделните пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажуваат дека барелот од референтната кошничка нафта на неговите членки во вторникот бил за 9 центи поскап отколку претходниот трговски ден и чинел 61,12 долари.
На првиот ден од тргувањето во новата година, трговците се обидоа да ги одмерат очекувањата за можна прекумерно снабдување и влијанието од ескалацијата на геополитичките тензии.
Поради континуираната загриженост за презаситеност на пазарот, трговците го исчекуваат состанокот на членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта и нивните сојузници големи независни производители предводени од Русија (OPEC+) в недела.
Експертите очекуваат групата веројатно да ја потврди одлуката од ноември кога објави дека ќе го запре натамошното нормализирање на снабдувањето во првиот квартал од 2025 година поради загриженоста дека глобалните пазари веќе покажуваат знаци на прекумерна понуда.
Вниманието на трговците во петокот беше насочено и кон меѓусебните обвинувања меѓу Украина и Русија за нападите врз цивили на Нова Година, и покрај разговорите насочени кон прекин на војната.
Киев ги засили нападите врз руската енергетска инфраструктура последните месеци, обидувајќи се да ги намали руските приходи за финансирање на својата воена кампања во Украина.
Владата на САД во средата го зголеми притисокот врз Венецуела со воведување санкции врз четири компании и поврзани танкери за нафта за кои се тврди дека работат во венецуелскиот нафтен сектор.
На Блискиот исток, кризата меѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати околу ситуацијата во Јемен дополнително се продлабочи откако летовите беа суспендирани на аеродромот во Аден во Јемен во четврток. Ескалацијата на тензиите меѓу двете членки на OPEC се случи пред состанокот на организацијата OPEC+ најавен за в недела.
Слични новости
Компанијата на Доналд Трамп ќе гради небодер во Австралија вреден 900 милиони евра
Американската компанија во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор за изгардба на својот прв небодер во Австралија вреден 1,5 милијарди австралијански долари или 900 милиони американски долари.
Кина ги повика САД да ги укинат едностраните царини
Кинеското министрство за трговија соопшти дека врши „целосна проценка“ на пресудата со која Врховниот суд на Соединетите Американси Држави минатата недела ги укина царините што САД ги воведоа за голем број на земји
Кина ги надмина САД како главен трговски партнер на Германија
Кина ги претекна САД како главен трговски партнер на Германија, покажуваат податоците на германскиот Сојузен завод за статистика, додека канцеларот Фридрих Мерц се подготвува за првата посета на Пекинг од стапувањето на должноста


