Цените на нафтата паднаа во петокот поради загриженоста за побарувачката следната година, особено во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта.
На лондонскиот пазар со барелот сурова нафта рано попладнето се тргуваше по цена пониска за 32 центи, по 72,56 долари. На американскиот пазар со барелот сурова нафта се тргуваше и по пониска цена од 32 центи, по 69,06 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одделно извести дека во четвртокот барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки падна за 85 центи, на 72,88 долари.
Кинеската државна рафинерија „Sinopec“ во своите годишни енергетски прогнози во четвртокот објави дека увозот на сурова нафта во Кина би можел да достигне врв веќе во 2025 година, додека потрошувачката на нафта во земјата би можела да достигне врв до 2027 година, како што ќе слабее побарувачката на дизел и бензини.
Аналитичарите на „JP Morgan“ прогнозираат дека пазарите на нафта ќе се придвижат од избалансираното во 2024 година кон вишокот во 2025 година и очекуваат да се зголеми понудата надвор од групацијата на земјите на OPEC и нивните сојузници големи независни производители предводени од Русија (OPEC+) додека производството на самиот нафтен картел ќе остане на сегашното ниво.
Во меѓувреме, растот на доларот до највисоките нивоа во последните две години влијаеше и на цените на нафтата, откако американската централна банка соопшти дека ќе биде претпазлива во врска со намалувањето на каматните стапки во 2025 година.
Посилниот долар ја прави нафтата поскапа за имателите на други валути, додека побавното темпо на намалување на клучната каматна стапка може да го забави економскиот раст и да ја намали побарувачката за нафта.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека ЕУ може да се соочи со царини доколку не го намали растечкиот дефицит со САД, доколки не склучи големи трговски договори за нафта и гас со најголемата светска економија.
Во потег што би можел да ја намали понудата, земјите од Г7 разгледуваат начини да ја заострат ценовната граница на руската нафта, како што е целосна забрана или намалување на ценовното ниво, објави Bloomberg News во четвртокот.
Русија ја заобиколува границата што Г7 и ЕУ од 60 долари за рускиот барел воведена во 2022 година со закана за санционирање на давателите на услугите за транспорт на руската нафта и осигурителите на бродовите, користејќи ја својата таканаречената „сива флота“ од бродови, за кои ЕУ и Велика Британија неодамна воведоа дополнителни санкции. Сепак, руската нафта доаѓа до западните трговци преку посреднички трети земји како наводно преработена, што не подлежи на ценовното ембарго од западните земји.
Слични новости
Европските берзи во пад, Трамп се заканува со царини
Цените на европските акции остро паднаа во петокот претпладнето, откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани со царини на увозот од Европската унија
Доларот зајакна, цената на нафтата падна
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 108,45 поени
Волстрит: Внимателно тргување, индексите стагнираат
На Волстрит берзанските индекси беа главно непроменети во четвртокот, бидејќи пазарот не успеа да закрепне од остриот пад ден претходно, кога американската централна банка сигнализираше дека има намера да го забави темпото на намалување на каматните стапки