Цените на нафтата паднаа на 61 долар на меѓународните пазари во средата, бидејќи новите проценки за производството во САД ги разгореа стравувањата од презаситеност на понудата следната година.

Со барелот на лондонскиот пазар попладнето се тргуваше за 52 центи пониска цениа од затоврањето на вчерашното тргување од 61,42 долари. За исто толку барелот беше поевтин и на американскиот пазар, каде што изнесуваше 57,73 долари.

Одделните пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажаа дека барелoт од референтната кошничка нафта на нејзините членки во вторникот во однос на претходниот трговски цен бил за 1,47 долари поевтин на 62,39 долари.

 

Расположението на пазарот во првата половина од седмицата повторно беше обележано со стравувања од презаситеност на понудата. Ирак во понеделникот објави дека е саниран нафтоводот што испорачува барели од полето Западна Курна 2, со производствен капацитет од околу 480.000 барели дневно.

Производството во САД треба да го достигне своето највисоко ниво досега оваа година, од 13,61 милиони барели дневно, според новите пресметки на Министерството за енергетика. Во следната година, треба малку да се намали, на 13,53 милиони барели дневно.

Меѓународната агенција за енергија (IEA) проценува дека обилното снабдување од независни производители предводени од САД во комбинација со намалената побарувачка ќе резултира со вишок на понудата следната година од четири милиони барели. А Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) сега очекува мал вишок следната година, менувајќи ја проценката што покажуваше рамнотежа меѓу понудата и побарувачката.

Вниманието на пазарот сега е насочено кон седницата на американската централна банка, која треба да ја објави одлуката за каматните стапки и прогнозите за економијата кои ќе бидат објавени подоцна во текот на денот. Се очекува Fed да ги намали трошоците за задолжување, што би го поттикнало економскиот раст и побарувачката за енергија.

globe

Слични новости

ДР Конго ги заострува регулативите за извоз на кобалт

ДР Конго ги заострува регулативите за извоз на кобалт

Демократска Република Конго ги заострува регулативите за извоз на кобалт, сигнализирајќи дека има намера да игра повлијателна улога во глобалните синџири на снабдување за производство на батерии за електрични возила и системи за складирање на енергија

Европските и азиските инвеститори претпазливи пред одлуките на Fed

Европските и азиските инвеститори претпазливи пред одлуките на Fed

На европските берзи се тргуваа претпазливо во средата претпладнето, како и на азиските берзи, додека инвеститорите чекаат одлуки и пораки од состанокот на американската централна банка за каматните стапки

Цените на среброто соборуваат рекорди

Цените на среброто соборуваат рекорди

Индустриската побарувачка за среброто нагло порасна, пред се за потребите на соларните панели, електирчните возила и електрониката. Од друга страна, производството во рудниците не успева да ја следи потрошувачката што создава дефицит на сребро.