Цените на нафтата паднаа на 62 долари во петокот на меѓународните пазари, одразувајќи ги шпекулациите на инвеститорите дека мировниот план на САД за Украина би можел да го отвори патот за олеснување на испораките на руската нафта.

Со барелот сурова нафта во Лондон попладнето се тргуваше за 1,16 долари пониско отколку на затворањето на тргувањето вчера. На американскиот пазар берлот беше за 1,30 долари поевтин, на 57,70 долари.

Одделните пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажуваат дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во четвртокот поевтинил за 12 центи во однос на претходниот тргивски ден, на 64,43 долари.

Трговците беа преокупирани со медиумските извештаи кон крајот на седмицата за мировниот план на САД за завршување на војната во Украина. Вашингтон подготви мировен план од 28 точки, а украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да соработува со американските медијатори.

Мировниот договор би можел да го отвори патот за нормализирање на руските испораки на нафта, бидејќи САД воведоа санкции врз руските нафтени гиганти „Росњефт“ и „Лукоил“ за да го ограничат буџетскиот капацитет на Русија за финансирање на војната во Украина, како што беше објаснета одлуката. Двете руски компании заедно произведиваат 5 отсто од светската нафта.

Санкциите треба да стапат на сила подоцна денеска, што значи дека околу 48 милиони барели на „Росњефт“ и „Лукоил“ кои во моментов се на танкери ќе мора да најдат нови купувачи, пресмета деловната новинска агенција Bloomberg News, врз основа на податоци од специјализираната фирма Kpler.

Пратките, според овие податоци, требало да бидат испратени до клиенти во Индија и Кина, главните купувачи на руска нафта. Меѓутоа, јавна тајна е дека големите западни компании ја купуваат од таму, како преработена во трети земји што не подлежи на санкциите на ЕУ и Г7. Русија сè уште испорачува околу 3,4 милиони барели нафта дневно на странски купувачи и покрај санкциите, забележа Bloomberg.

Во меѓувреме, Венецуела го изгасна пожарот во голем објект управуван од државната нафтена компанија PDVSA во сливот на реката Ориноко во државата Анзоатеги. Погоните „Petrocedeno“ вадат „тешка“ нафта и ја намалуваат содржината на сулфур за да ја испорача до странски клиенти во „полесна“ верзија. Производствениот капацитет на објектот е 200.000 барели дневно.

globe

Слични новости

Благ раст на европските берзи

Благ раст на европските берзи

На европските берзи, индексите пораснаа во претпладневното тргување во петокот, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор, додека инвеститорите внимателно чекаат нови податоци за инфлацијата во САД