Според податоците на берзата цената на нафтата Брент падна за 1,04 насто на 101,2 долари по барел, а нафтата ВТИ падна за 1,77 насто на 91,1 долар.
Европските акции главно се во плус откако глобалните обврзници се стабилизираа по силната распродажба, а пазарите и натаму ги притиска силната загриженост поради фискалната ситуација во Франција.
Фајненшал тајмс наведува дека приносите на француската десетгодишна обврзница неделава пораснаа над 4,9 насто, што е најголем износ во еврозоната.
Цената на гасот изнесува 73,4 евра за мегават-час.
Слични новости
Цените на дизелот ќе останат високи поради послабиот капацитет на рафинериите
Цените на дизелот ќе останат високи до крајот на годината, затоа што ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на потрошувачката и исцрпените залихи, оцени американската инвестициска банка Голдман Сакс.
Американските берзански индекси С и П 500 и Насдак на нови историски максимуми
Индексите пораснаа поддржани од силниот раст на технолошките компании и падот на приносот од американската државна обврзница, пренесе Си-Ен-Би-Си.
Нафтата Брент околу 100 долари за барел, по новите нестабилности на Блискиот исток
Цената на меѓународната референтна нафта Брент денеска повторно се тргува за околу 100 долари за барел, откако во претходната сесија падна на 98 долари за барел.


