Отварањето на Ормутскиот теснец ќе му овозможи на Ирак во наредниот период да пласира повеќе од 20 милиони барели нафта на светскиот пазар од регионот на јужна Басра, пренесуваат регионалните медиуми.

Одлуката на Техеран целосно да ги укине ограничувањата за пловидба овозможува отпремување на 20 танкери со нафта, чиј вкупен капацитет достигнува 23 милиони барели сирова нафта произведени во Басра.

Истовремено, обновувањето на пловидбата низ еден од најважните светски коридори го следи и засилување на произвдството на ирачките нафтени полиња во јужниот дел на земјата.

Слични новости

САД привремено дозволија да се купува руска нафта

САД привремено дозволија да се купува руска нафта

Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.