Нафтата поскапе откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж околу прекинот на огнот со Иран и рече дека тој се одржува на апарати, што ги засили стравувањата дека затворањето на Ормускиот теснец ќе трае подолго.
Нафтата Брент поскапе за 0,6 отсто на околу 105 долари за барел, бидејќи застојот во преговорите меѓу САД и Иран и продолженото затворање на теснецот укажуваат дека трошоците за енергија ќе останат високи.
Фјучерсите на европските берзански индекси укажуваа на пад од 0,7 отсто на европските акции. Пад забележаа и договорите за референтните индекси на Волстрит,
Слични новости
Намалена вредноста на азиските берзи, нафтата Брент на 111 долари за барел
Во извештаите се наведува дека акциите остро паднаа откако САД и Иран упатија закани дека ќе го интензивираат вооружениот судир кој влегува во четвртата недела, пренесе Би Би Си.
Европските акции паднаа поради очекување на повисоки каматни стапки
Акциите на аверопските берзи паднаа поради растот на цената на нафтата и стравот на инвеститорите дека ценралните банки ќе ги зголемат каматните стапки. Паневропскиот СТОКС падна за 1,7 насто, а и сите регионални берзи забележуваат негативни резултати.
Иран вели дека нема вишок нафта за продажба
Иранското Министерство за нафта ги оквалификува денеска како „психолошки трик“ изјавите на американскиот секретар за финансии Скот Бесант, кој рече дека Вашингтон привремено ги ублажува санкциите за да му дозволи на Техеран да продава нафта „што ја складирал на море“.


