Цената на нафтата во вторникот за првпат во последните три недели ја надмина границата од 110 долари по барел, поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран, што ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето со енергенси преку Ормускиот теснец.

Суровата нафта „Брент“ порасна за 0,3 отсто и достигна 111,07 долари по барел, додека американската нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа раст од 0,2 отсто, на 99,72 долари по барел.

Годинава цената на „Брент“ порасна од под 60 долари до максимум од околу 119 долари за време на ескалацијата на тензиите, кога Иран речиси го блокираше сообраќајот низ Ормускиот теснец и напаѓаше енергетски објекти во регионот.

Растот на цените на нафтата ги засили очекувањата дека централните банки би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки за да ја задржат инфлацијата под контрола, што веќе врши притисок врз пазарите на обврзници во САД, Европа и Обединетото Кралство.

Слични новости

Европската авиоиндустрија бара од ЕK суспендирање на новиот Систем за влез во унијата

Европската авиоиндустрија бара од ЕK суспендирање на новиот Систем за влез во унијата

Сликата на аеродромите редици до три часа, доцнења и пропуштени летови ги потврди предупредувањата на Airlines for Europe кои побараа од Европската комисија и земјите-членки на ЕУ „веднаш да воведат дополнителна флексибилност“ во работењето на новиот систем.

САД подготвува економски притисок врз Иран

САД подготвува економски притисок врз Иран

Aмериканскиот министер за финансии Скот Бесент предупреди дека САД се подготвуваат да го засилат економскиот притисок врз Иран, велејќи дека републиканската администрација подготвува акција што ќе биде „финансиски еквивалент“ на кампањата за бомбардирање.