Цената на нафтата во вторникот за првпат во последните три недели ја надмина границата од 110 долари по барел, поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран, што ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето со енергенси преку Ормускиот теснец.
Суровата нафта „Брент“ порасна за 0,3 отсто и достигна 111,07 долари по барел, додека американската нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа раст од 0,2 отсто, на 99,72 долари по барел.
Годинава цената на „Брент“ порасна од под 60 долари до максимум од околу 119 долари за време на ескалацијата на тензиите, кога Иран речиси го блокираше сообраќајот низ Ормускиот теснец и напаѓаше енергетски објекти во регионот.
Растот на цените на нафтата ги засили очекувањата дека централните банки би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки за да ја задржат инфлацијата под контрола, што веќе врши притисок врз пазарите на обврзници во САД, Европа и Обединетото Кралство.
Слични новости
ЕУ и Индија блиску до историска спогодба за слободна трговија
Самитот ЕУ-Индија ќе биде одржан во вторник, на кој се очекува постигнување на договор кој ќе биде рамка за сите посебни договори за трговијата во одделни области.
Венецуела ќе произведува 18 насто повеќе нафта во 2026
Венецуела има за цел да го зголеми производството на нафта за 18 насто во текот на 2026, благодарение на новите закони со кои се очекува целосно да го отворат секторот за приватни вложувања.
Ветерот и сонцето ги надминаа фосилните горива во производството на електрична енергија во ЕУ
Ветерот и сонцето произведоа рекордни 30 насто од енергијата, додека фосилните горива паднаа на 29 насто.


