Цената на нафтата во вторникот за првпат во последните три недели ја надмина границата од 110 долари по барел, поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран, што ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето со енергенси преку Ормускиот теснец.
Суровата нафта „Брент“ порасна за 0,3 отсто и достигна 111,07 долари по барел, додека американската нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа раст од 0,2 отсто, на 99,72 долари по барел.
Годинава цената на „Брент“ порасна од под 60 долари до максимум од околу 119 долари за време на ескалацијата на тензиите, кога Иран речиси го блокираше сообраќајот низ Ормускиот теснец и напаѓаше енергетски објекти во регионот.
Растот на цените на нафтата ги засили очекувањата дека централните банки би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки за да ја задржат инфлацијата под контрола, што веќе врши притисок врз пазарите на обврзници во САД, Европа и Обединетото Кралство.
Слични новости
Биткоинот падна за еден насто на 74.250 евра
Индексто на страв и алчност денеска се наоѓа на нивото 20 во категоријата „екстремен страв“, што е полошо во однос на категоријата 25 во која се наоѓаше.
Златото со нов рекорд, денес се продава по 138 евра за грам
Златото и денес се тргува со засилен интерес на светските финансиски пазари, потврдувајќи ја својата улога како безбедно засолниште во услови на глобална економска неизвесност.
Индија планира да ги намали царините на автомобилите увезени од ЕУ
Индија планира да ги намали царините на автомобилите увезени од ЕУ од 110 на 40 насто, што би претставувало голем исчекор кон спогодба за слободна трговија меѓу оваа азиска земја и ЕУ.

