Цената на нафтата во вторникот за првпат во последните три недели ја надмина границата од 110 долари по барел, поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран, што ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето со енергенси преку Ормускиот теснец.
Суровата нафта „Брент“ порасна за 0,3 отсто и достигна 111,07 долари по барел, додека американската нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа раст од 0,2 отсто, на 99,72 долари по барел.
Годинава цената на „Брент“ порасна од под 60 долари до максимум од околу 119 долари за време на ескалацијата на тензиите, кога Иран речиси го блокираше сообраќајот низ Ормускиот теснец и напаѓаше енергетски објекти во регионот.
Растот на цените на нафтата ги засили очекувањата дека централните банки би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки за да ја задржат инфлацијата под контрола, што веќе врши притисок врз пазарите на обврзници во САД, Европа и Обединетото Кралство.
Слични новости
Фон дер Лајен: Две милијарди луѓе под ист покрив
Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека договорот меѓу Индија и Европската Унија за слободна трговија е најголемиот договор меѓу Њу Делхи и Брисел до сега.
Дојче банката затвара 100 филијали во Германија
Дојче банката соопшти дека се поголем број на клиенти ги користи банкарските услуги со мобилни апликации, додека интересот за одење во филијалите постојано опаѓа.
Уделот на доларот во глобалните девизни резерви падна на најниско ниво во последните сто години
Според најновите податоци на ММФ доларот во моментов сочинува околу 57 насто од вкупните глобални резерви. Пред една деценија тој удел изнесуваше две третини


