Цената на нафтата во вторникот за првпат во последните три недели ја надмина границата од 110 долари по барел, поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран, што ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето со енергенси преку Ормускиот теснец.
Суровата нафта „Брент“ порасна за 0,3 отсто и достигна 111,07 долари по барел, додека американската нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа раст од 0,2 отсто, на 99,72 долари по барел.
Годинава цената на „Брент“ порасна од под 60 долари до максимум од околу 119 долари за време на ескалацијата на тензиите, кога Иран речиси го блокираше сообраќајот низ Ормускиот теснец и напаѓаше енергетски објекти во регионот.
Растот на цените на нафтата ги засили очекувањата дека централните банки би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки за да ја задржат инфлацијата под контрола, што веќе врши притисок врз пазарите на обврзници во САД, Европа и Обединетото Кралство.
Слични новости
Германија очекува опоравување на економијата во 2026
Германската влада проценува дека Германија ќе забележи раст од 1 насто во 2026 и 1,3 насто во 2027, покажува денешната анализа на министерството за економија на Германија.
ЕУ утре претставува нова визна стратегија која би можела да го реши прашањето на превозниците
Се очекува возачите од балканскиот регион да бидат изземени од правилото 90/180 дена боравок во Шенген зоната, а едно од решенијата би можело да биде за нив да се издаваат посебни визи.
Силен раст на швајцарскиот франк
Швајцарскиот франк денеска порасна во однос на американскиот долар и сега е на ниво кој не е забележан повеќе од 10 години