Цената на нафтата во вторникот за првпат во последните три недели ја надмина границата од 110 долари по барел, поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран, што ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето со енергенси преку Ормускиот теснец.
Суровата нафта „Брент“ порасна за 0,3 отсто и достигна 111,07 долари по барел, додека американската нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа раст од 0,2 отсто, на 99,72 долари по барел.
Годинава цената на „Брент“ порасна од под 60 долари до максимум од околу 119 долари за време на ескалацијата на тензиите, кога Иран речиси го блокираше сообраќајот низ Ормускиот теснец и напаѓаше енергетски објекти во регионот.
Растот на цените на нафтата ги засили очекувањата дека централните банки би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки за да ја задржат инфлацијата под контрола, што веќе врши притисок врз пазарите на обврзници во САД, Европа и Обединетото Кралство.
Слични новости
Американскиот производител на возила Форд објави пад на кварталниот профит за 50 насто
Форд објави нето загуба во четвртиот квартал од 2025 од дури 11,1 милијарди долари, пренесува Ројтерс.
Девизните резерви во јануари зголемени за 675,3 милиони евра
Девизните резерви на Македонија на крајот на јануари годинава изнесувале 5.600,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за...
Урсула фон дер Лајен повика на обединет европски пазар на капитал
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, има за цел да го поедностави пазарот на капитал во Европската унија за да ја намали фрагментацијата и да ја поттикне конкурентноста


