Цената на нафтата во вторникот за првпат во последните три недели ја надмина границата од 110 долари по барел, поради застојот во преговорите меѓу САД и Иран, што ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето со енергенси преку Ормускиот теснец.

Суровата нафта „Брент“ порасна за 0,3 отсто и достигна 111,07 долари по барел, додека американската нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа раст од 0,2 отсто, на 99,72 долари по барел.

Годинава цената на „Брент“ порасна од под 60 долари до максимум од околу 119 долари за време на ескалацијата на тензиите, кога Иран речиси го блокираше сообраќајот низ Ормускиот теснец и напаѓаше енергетски објекти во регионот.

Растот на цените на нафтата ги засили очекувањата дека централните банки би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки за да ја задржат инфлацијата под контрола, што веќе врши притисок врз пазарите на обврзници во САД, Европа и Обединетото Кралство.

Слични новости

Џеј Пи Морган предвидува цена на нафтата од 150 долари ако Ормутскиот теснец биде затворен до мај

Џеј Пи Морган предвидува цена на нафтата од 150 долари ако Ормутскиот теснец биде затворен до мај

Цените на нафтата би можеле да достигнат 150 долари по барел, доколку протокот на енергентите низ Ормутскиот теснец остане пореметен до средината на мај, објави банката Џеј Пи Морган.

Конфликтот во Иран го погоди снабдувањето и синџирот на исхраната

Конфликтот во Иран го погоди снабдувањето и синџирот на исхраната

Нападите со дронови и ракети врз танкерите во Ормутскиот теснец каде што минува околу 27 насто од светскиот извоз на нафататаги вознемирија берзите. Но низ теснецот минуваат и 20-30 насто од глобалните ѓубрива, вклучувајќи амонијак, уреа, фосфати и сулфур.