Ескалацијата на судирите на Блискиот исток, светското средиште на производството на нафта, предизвика нагло покачување на цените на нафтата.

Нафтата Брент скокна дури за 7 проценти и достигна цена од 75 долари по барел, што е највисоко ниво на цената на нафтата од април.

Вестите за израелскиот напад врз Иран лошо влијаеа и врз воздухопловната индустрија, затоа што авио-компаниите избегнуваат да летат над тој регион, пренесе Гардијан.

Инвеститорите се насочуваат кон сигурни средства, како што е златото кое поскапе за еден процент. Цената на златото е блиску до 3.500 долари по унца, колку што е неговата рекордна вредност.

 

Слични новости