Европските индекси на берзите денеска се главно нестабилни, додека инвеститорите се подготвуваат за важна недела во која ќе бидат објавени кварталните извешати за работењето на големите американски банки и податоците за инфлацијата во САД.

Особено важен ден се очекува да биде вторник, кога ќе бидат објавени податоците за јунската инфлација во САД, како и резултатите на најголемите американски банки и инвестициски фондови: Џеј Пи Морган, Ситигруп, Банката на Америка, Морган Стенли и Блек рок.

За во среда најави објавување на резултати Голдман Сакс, а во Европа се очекуваат резултатите на холандската компанија АСМЛ која е најнапреден производител на чипови во Европа.

Слични новости

Рекордна трговска размена меѓу САД и ЕУ и покрај царините

Рекордна трговска размена меѓу САД и ЕУ и покрај царините

Сепак, иако вкупната слика покажува дека економските односи не се нарушени, одделни сектори веќе трпат значајни последици од царините, а пред се европската автомбилска индустрија која го намали извозот во САД во 2025 за 20,4 насто

Цената на нафтата се врати на нивото од пред војната со Иран

Цената на нафтата се врати на нивото од пред војната со Иран

Референтната нафта „Брент“ во четвртокот се тргуваше за околу 71 долар за барел, додека американската сирова нафта ВТИ се спушти под 68 долари. Двата видови нафта поевтинуваат трет ден по ред, а Брент го достигна најниското ниво од 27 февруари.