Цената на нафтата Брент денеска порасна на повеќе од 114 долари за барел, а европските берзански индекси паднаа по новите напади на Јеменските Хути врз Саудиска Арабија и стравот од ширење на конфликтот врз клучната енергетска инфраструктура и поморските правци.

Цената на нафтата Брент денеска во 10 часот на берзите порасна за 0,93 насто на 114,2 долари за барел, а лесната американска нафта ВТИ за 1,22 насто на 100,7 долари за барел.

Саудиската нафтена компанија Арамко им наложи на вработените да го напуштат седиштето во Дахран и да работат на оддалеченост, по интезивирањето на судирите, пренесува Ројтерс.

Слични новости