Цената на сировата нафта Брент денеска порасна на повеќе од 98 долари за барел, што е највисоко ниво во последните шест недели.

Поскапувањето се должи на новите ескалции на Блискиот исток и соопштението на Иран дека му доаѓа крај на договорот со Оман за управување со бродскиот промет низ Ормутскиот теснец.

Порасна и цената на сировата американска нафта ВТИ на 93,5 долари за барел, пренесоува Трејдинг економикс. Цената на сировата нафта ВТИ денеска е на највисоко ниво во последните три месеци.

На берзите незначително поскапеа и цените на златото и среброто.

Слични новости

Криза во Ормутскиот теснец: Бројот на бродови кои минуваат драстичено намален додека преговараат Иран и Оман

Криза во Ормутскиот теснец: Бројот на бродови кои минуваат драстичено намален додека преговараат Иран и Оман

Според податоците кои ги објави Ројтерс низ Ормутскиот теснец од понеделникот до четвртокот минале само 33 бродови, додека пред започнувањето на војната меѓу САД и Иран во февруари, низ Ормутскиот теснец минуваа 130-140 бродови дневно.