Цената на нафтата Брент денеска падна на 88 долари за барел, откако се појави надеж за примирје меѓу САД и Иран. Цената на нафтата Брент денеска на берзите падна за 1,05 насто на 88, 049 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ падна за 1.01 насто на 81,64 долари за барел.
Денешното поевтинување на цената на нафтата е незначително со оглед на фактот што цената на нафтата растеше на берзите во текот на целата недела и забележа кумулативен раст од 15 проценти.
Примирјето на Блискиот исток и отварањето на Ормутскиот теснец, низ кој минуваат енергентите од Перискисот залив, се сеуште неизвесни.
Слични новости
Нафтата Брент ја надмина цената од 93 долари
Цената на нафата Брент денеска повторно порасна за 0,36 насто на 93, 47 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ за 0,51 насто на 86,4 долари за барел.
Државниот долг на САД надмина 40 билиони долари
Државниот долг на Соединетите Америански Држави надмина 40 билиони долари, покажуваат најновите податоци на американското министерство за финансии.
Цените на нафтата растат поради новите тензии на Блискиот исток
Цените на сировата нафта пораснаа поради дополнителните тензии на Блискиот исток кои ги зголемија страхувањата од дополнителни пореметувања во снабдувањето со енергентите.


