Нафтата Брент денеска на берзите се продава за околу 115 долари за барел, што е поевтинување во однос на претходните денови за 1,48 насто. Лесната американска нафта ВТИ поевтини за 1,96 насто и сега изнесува 101,25 долари за барел.

Цената на Брентот денеска ослабна откако во минатата недела порасна за 6,2 насто, а извештаите за дипломатските напори на Катар да се ублажат тензиите со Иран им донесоа на пазарите извесно олеснување, пишува фајненшал тајмс.

Европските берзански индекси денеска се во плус, а во фокусот на берзите оваа недела ќе бидат извештаите за заработка на американските технолошки компании Мајкрософт, Алфабет, Амазон и Интел кои ќе дадат увид во глобалниот тренд за побарувачка на инфраструктура на вештачката интелигенција.

Слични новости

Ескалацијата на судирите на Блискиот исток ја држат цената на нафтата на над 106 долари за барел

Ескалацијата на судирите на Блискиот исток ја држат цената на нафтата на над 106 долари за барел

Цената на нафтата Брент за испораките во декември порасна за 0,61 насто на 106,33 долари за барел, додека американската нафта ВТИ за ноемвриските испораки поскапе за 0,63 насто на 94,73 долари за барел, пренесе Си-Ен-Би-Си.