Нафтата Брент денеска на берзите се продава за околу 115 долари за барел, што е поевтинување во однос на претходните денови за 1,48 насто. Лесната американска нафта ВТИ поевтини за 1,96 насто и сега изнесува 101,25 долари за барел.
Цената на Брентот денеска ослабна откако во минатата недела порасна за 6,2 насто, а извештаите за дипломатските напори на Катар да се ублажат тензиите со Иран им донесоа на пазарите извесно олеснување, пишува фајненшал тајмс.
Европските берзански индекси денеска се во плус, а во фокусот на берзите оваа недела ќе бидат извештаите за заработка на американските технолошки компании Мајкрософт, Алфабет, Амазон и Интел кои ќе дадат увид во глобалниот тренд за побарувачка на инфраструктура на вештачката интелигенција.
Слични новости
Вашингтон не се противи кинеските производители на автомобили да отворат фабрики во САД
Американската администрација не се противи кинеските производители на автомобили да отворат фабрики во САД и покрај силните критики од американските конгресмени и автокомпаниите.
Трамп: Дивидендите на Американците ќе им бидат исплатени и покрај критиките на демократите
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе дојде до најавената исплата на дивиденди во вредност од 5.000 долари на секој американски полнолетен граѓанин, доколку Републиканската партија победи на претстојните меѓуизбори.
Нафтата поевтини поради очекувања на преговори меѓу Иран и земјите од Персискиот залив
Цената на сировата нафта Брент падна под 105 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта ВТИ падна на под 100 долари за барел, откако иранските државни медиуми објавија дека се планираат разговори со земјите од Персискиот залив во Оман.


