Нафтата Брент денеска на берзите се продава за околу 115 долари за барел, што е поевтинување во однос на претходните денови за 1,48 насто. Лесната американска нафта ВТИ поевтини за 1,96 насто и сега изнесува 101,25 долари за барел.
Цената на Брентот денеска ослабна откако во минатата недела порасна за 6,2 насто, а извештаите за дипломатските напори на Катар да се ублажат тензиите со Иран им донесоа на пазарите извесно олеснување, пишува фајненшал тајмс.
Европските берзански индекси денеска се во плус, а во фокусот на берзите оваа недела ќе бидат извештаите за заработка на американските технолошки компании Мајкрософт, Алфабет, Амазон и Интел кои ќе дадат увид во глобалниот тренд за побарувачка на инфраструктура на вештачката интелигенција.
Слични новости
Поради прекумерен дефицит Италија останува под мерките на ЕУ
Италија нема да може да излезе од процедурите на Европската унија поради прекумерниот буџетски дефицит, откако италијанскиот завод за статистика Истат денеска потврди дека дефицитот на Италија во 2025 година изнесуваше 3,1 насто од БДП-то, односно дека е над дозволената граница од 3 насто на ЕУ.
Гардијан: На светските пазари им претстојат нови потреси
Финансиските пазари покажуваат знаци на нестабилност, а комбинацијата на високите цени на нафтата, растот од приносот на државните обврзници и неизвесноста околу технолошкиот сектор ги поттикнува страхувањата од нова финансиска криза, пишува Гардијан.
Нафтата Брент 102 долари за барел, цената на гасот во Европа 80,5 евра за мегават- час
Цената на нафтата Брент денеска падна на 102 долари за барел поради големите очекувања од состанокот меѓу претседателите на САД и Кина Доналд Трамп и Си Џинпинг.


