Цената на меѓународната референтна нафта Брент денеска повторно се тргува за околу 100 долари за барел, откако во претходната сесија падна на 98 долари за барел.

На пазарите повторно е зголемена загриженоста во врска со снабдувањето со нафта, откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија потврди дека пресретнала балистичка ракета која Хутите ја испукаа кон градот Хамис Мушаит во Саудиска Арабија.

Поскапе и американската лесна нафта ВТИ на 89,5 долари за барел, откако претходно падна на 87 долари за барел.

Слични новости