Денеска на европските берзи цената на нафтата Брент порасна за 0,69 насто и еден барел Брент сега се продава за 96,4 долари. Цената на лесната американска нафта ВТИ порасна за 0,35 насто на 89 долари за барел.

Под притисок е технолошкиот сектор по аферата и падот на акциите во Енвидија, додека инвеститорите преиспитуваат колку долго може да се одржат вложувањата во инфраструктурата за вештачка интелигенција, пренесува Ројтерс.

Иако берзите бележат благ пад, сепак аналитичарите проценуваат дека станува збор за прездив на инвеститорите, а не на панично распродавање на акциите.

Слични новости

Ејпл влегува на пазарот на телефони на преклоп, почна продажбата на ајфонот Дуо

Ејпл влегува на пазарот на телефони на преклоп, почна продажбата на ајфонот Дуо

Продажбата на првиот преклопен телефон на Ејпл ДУО, почна денеска, а пазарните аналитичари следат дали овој модел ќе успее да го смени пазарот на преклопни телефони, како што своевремено ајфонот го смени пазарот на смарт телефоните