Меѓународната референтна цена на суровата нафта Брент се зголеми за 4,22% и изнесува 112,57 долари на светските берзи, додека цените на американската сурова нафта се зголемија за 5,46% и се затворија на 99,64 долари за барел.

Ова се највисоките нивоа на цената на нафтата од јули 2022 година, кога руската инвазија врз Украина ги потресе енергетските пазари.

Американскиот претседател Доналд Трамп не успеа да ги ублажи стравувањата на пазарот од масовни прекини во снабдувањето на Блискиот Исток. Трамп во објава на социјалните мрежи изјави дека разговорите со Иран „одат многу добро“ и покрај „погрешните изјави од лажните медиуми и други кои тврделе поинаку.

Слични новости

Криза за гориво на европските аеродроми

Криза за гориво на европските аеродроми

На европските аеродроми им се заканува системски недостиг од авионско гориво доколку Ормускиот теснец во наредните три недели целосно не се отвори за сообраќај, предупреди авио-индустријата.