Цената на нафтата Брент денеска надмина 104 долари за барел, а европските индекси се во пад бидејќи новите стравувања од ескалација на судирот на Блискиот исток ја зголемија загриженоста на инвеститорите поради потенцијалните пореметувања во снабдувањето.

Според податоците од берзата референтната нафта Брентденеска поскапе за 3,72 насто на повеќе од 104 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ поскапе за 3,71 насто на 91,5 долари за барел.

Бројот на бродови и танкери кои минуваат низ Ормутскиот теснец падна на најниско ниво во изминатите два месеца.

Слични новости

Ескалира трговската војна меѓу САД и Канада Трамп воведе забрани на увоз на моторцикли, алкохол и млечни производи од Канада и воведе нови царини

Ескалира трговската војна меѓу САД и Канада Трамп воведе забрани на увоз на моторцикли, алкохол и млечни производи од Канада и воведе нови царини

Забраните се објавени за помалку од 24 часа откако канада воведе високи царини на американска стока во вредност од 20 милијарди долари, што беше мерка која Канада ја презеде откако САД први воведоа царини на канадска стока во тој износ.