Цената на нафтата Брент денеска поскапе, откако минатите денови забележа пад и се врати на околу 102 долари за барел. Фјучерсите на северноморската нафта Брент за ноември пораснаа за 1,36 насто на 101,7 долари за барел, додека американската нафта ВТИ месечно поскапе за 1,71 насто на 97,42 долари за барел, пренесе Си-Ен-Би-Си.

Фјучерсите на гасот во Европа поскапеа и се продаваа по цена од 73,7 евра за мегават-час, додека беризанските индекси останаа неизедначени.

Американскиот министер за одбрана Скот Бесент најави дека иранските авио-компании од утре нема да може да работат ширум светот, со предупредување до фирмите што им даваат услуги дека ќе го загубат пристапот до американскиот финансиски ситем.

Слични новости

Цената на нафтата пред втор последователен раст од шест насто

Цената на нафтата пред втор последователен раст од шест насто

Цената на сировата нафта и вчера порасна на берзите и се наоѓа пред втор последователен неделн пораст од 6 насто. Американската сирова нафта ВТИ се движеше околу 87 долари за барел, а сверноморската нафта Брент беше на нивото од околу 94 долари за барел, пренесува Трејдинг економикс.