Брент нафтата на денешните берзи се трува за 98 долари за барел и се прибличува до границата од 100 долари, која беше надмината во март годинава на почетокот на конфликтот меѓу САД и Иран. Нападите на Хутите врз танкери во Црвеното море, заедно со намалените изгледи за мир со Иран ги туркаат цените на нафтата нагоре.
Инвестициската банка Голдман Сакс проценува дека цените ќе останат над 100, а можат да достигнат и до 120 долари за барел до крајот на 2026 година, доколку продолжат немирите во Ормутскиот теснец.
Надежите на инвеститорите за мир во Перискисот залив значително се налаија по изјавата на американскиот државен секретар Марк Рубио дека Иранците не покажуваат интерес за постигнување мировен договор.
Слични новости
Трговскиот суфицит на Германија падна на 15,4 милијарди евра и покрај рекордниот извоз
Германскиот трговски суфицит во јуни падна од 19,3 милијарди евра колку што беше во мај на 15,4 милијарди евра и покрај рекордниот извоз кој достигна вредност од 139,3 милијарди евра.
Џеф Безос продава акции на Амазон вредни над 4 милијарди долари
Оснивачот на Амазон Џеф Безос им поднесе на регулаторите пријава за планирана продажба на околу 15 милиони акции на компанијата Амазон, чија пазарна вредност изнесува околу 4,1 милијарди долари.
Раст на еропските индекси, нафтата Брент на 80 долари
Европските индекси денеска се во пораст, а цената на нафтата Брент се движи околу 80 долари за барел. На пазарите владее оптимизам за скорешен договор меѓу САД и Иран.

