Откако потенцијалниот договор меѓу САД и Иран за целосно окончување на војната придонесе за пад на нафата на светските берзи за 8 насто во средата, денеска цената на нафтата повторно бележи благ пораст, а барел Брент чини 102 долари на светските берзи.

Сепак, цената на нафтата е и натаму за 40 проценти повисока од пред почетокот на конфликтот со Иранод крајот на февруари.

Приходите на 10-годишните државни обврзници пораснаа за околу 40 базни поени, што ги нагласува предизвиците со кои се соочува глобалната економија поради повисоките цени на енергентите.

Пазарите и натаму се во незивесност дали навистина конфликтот со Иран ќе биде окончан, но и со тоа колку бргу би се нормализирале поремените текови на снабдување со нафта.

Слични новости

Загубени 92 000 работни места во САД во февруари

Според најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД, економијата на САД изгубила околу 92.000 работни места, што претставува сериозен удар за економските очекувања и политичката реторика на Доналд Трамп.