Цената на нафтата Брент на светските берзи денеска достигнува околу 104 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ се продава по цена од 101 долар за барел.

На холандската берза фјучерсите на природниот гас се движат по цена од околу 77 евра за мегават -час.

Истовремено, водечките веропски берзански индекси забележаа раст на вредноста, пратени од стабилното тргување на глобалните пазари.

На американските берзи исто така е забележан позитивен тренд, а индексот на Дау Џоунс порасна за 0,75 насто.

Слични новости

Скок на американските берзански индекси

Скок на американските берзански индекси

Најважните американски берзански индекси достигнаа нови рекорди откако американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека САД и Иран би можеле наскоро да постигнат договор за повторно отварање на Ормутскиот теснец.