Европските берзански индекси денеска се во плус, а нафтата Брент поевтини на 114,9 долари за барел.

Цената на нафтата утрово падна за 0,77 насто под 115 долари за барел, а притисокот врз цените по неодамнешниот ценовен шок полека попушта.

Нафтата Брент почна да поевтинува по извештаите за дипломатските напори на Катар да се ублажат тензиите со Иран, што им даде на берзите и пазарите одредено олеснување, пишува Фајненшал тајмс.

Слични новости