Цените на нафтата се искачија поблиску до 74 долари на меѓународните пазари во петокот, бидејќи загриженоста за снабдување од Русија по најавата за нови санкции на ЕУ претежна над проценките за вишокот во 2025 година.
На лондонскиот пазар цената на барелот попладнето беше повисока за 39 центи од вчерашното затворање и изнесуваше 73,80 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше за 47 центи поскапо, по цена од 70,34 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно извести дека во четвртокот цената на барелот од референтната нафтена кошничка на нејзините членки се зголемила за 91 цент, на 73,36 долари.

Во втората половина од седмицата, трговците беа загрижени од најавата на ЕУ за нови санкции за руската нафта. Во средата амбасадорите на ЕУ се договорија за 15-от пакет санкции против Русија поради војната во Украина, објави унгарското претседателство.
„Задоволна сум што беше усвоен 15-тиот пакет санкции, чија цел е првенствено руската „сива флота“, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на X.
Русија го заобиколува ценовниот лимит на Г7 од 60 долари по барел со ткн „сива флота“, кој им забранува на превозниците и на осигурениците да сервисираат поскапи руски барели. Но познато е дека запаните трговци го набавуваат руските барели по повисоки цени од трети земји, наводно како преработени.
САД би можеле да ги следат стапките на ЕУ и да воведат уште построги санкции за руската трговија со нафта, само неколку седмици пред Доналд Трамп да стапи на должност, објави во вторникот Bloomberg News, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.
„Заострувањето на санкциите на ЕУ против Русија сè уште одекнува на пазарот, зголемувајќи ги цените, а САД сигнализираат дека може да се приклучат, па идејата за намалени испораки на руска нафта со бродови нема да избледи“, објаснува Џон Еванс од PVM.
Цените седмицава ги поттикнаа податоците на кинеската царинска управа за зголемениот увоз на сурова нафта во ноември. Во претходните шест месеци рафинериите беа воздржани во набавките. Кинескиот увоз, исто така, би требало да биде поголем на почетокот на 2025 година бидејќи рафинериите ќе купуваат повеќе нафта од Саудиска Арабија, привлечени од пониските цени, шпекулира Reuters.
Во таков амбиент падна во втор план проценката на Меѓународната агенција за енергетика (IEA) за вишокот на понудата во следната година. Во четвртокот, IEA малку ги зголеми проценките за растот на побарувачката оваа и следната година, но нагласи дека понудата ќе порасне уште посилно благодарение на групата независни производители предводени од САД. Во такви услови пазарот во 2025 година би требало да забележи вишок од речиси милион барели дневно, пресметаа тие.
Слични новости
BioNTech и Pfizer при развојот на вакцината против ковид-19 посегнале до сопственост на Moderna
Германската биотехнолошка компанија „BioNTech“ и нејзиниот американски партнер „Pfizer“ незаконски ја користеле заштитената интелектуална сопственост на „Moderna“ во развојот на вакцината против коронавирусната болест ковид-19 и мора да ѝ платат компензација, одлучи германскиот суд
Германската пошта отпушта 8.000 работници
„Deutsche Post“ во четвртокот објави дека ќе отпушти 8.000 работници до крајот на годината за да ги намали трошоците, по скромниот раст на приходите на матичната групација DHL во 2024 година
Раст на европските берзи пред одлуките на ЕСВ
На европските берзи индексите пораснаа во четвртокот претпладнето, втор ден по ред, бидејќи инвеститорите очекуваат дополнително намалување на каматите од страна на Европската централна банка