Цените на нафтата во четвртокот благо пораснаа поткрепени од падот на залихите на сирова нафта во САД, но нивниот раст беше ограничен бидејќи американската централна банка сигнализираше дека ќе го забави темпото на намалување на каматните стапки во 2025 година, што би можело да му наштети на економскиот раст, да ја намали побарувачката и да го зајакне американскиот долар.
На лондонскиот пазар цената на барелот сурова нафта се зголеми за 44 центи, на 73,83 долари. На американскиот пазар со барелот сурова нафта се тргуваше по повисока цена за 68 центи, од 71,26 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) одделно извести дека цената на барелoт од референтната нафтена кошничка на нејзините членки во средата пораснала за 30 центи на 73,73 долари.
Цените на нафтата ослабеа откако Fed ги објави своите проекции кои упатуваат на две намалувања на каматните стапки по четвртина процентен поен во 2025 година. Таа прогноза е за половина поен пониска од онаа дадена во септември. Повисоките каматни стапки, всушност, влијаат на економскиот раст, потенцијално намалувајќи ја побарувачката за нафта.
Кинескиот преработувачки гигант „Sinopec“, пак, очекува кинеската потрошувачка на нафта да достигне врв до 2027 година, се вели во соопштението објавено во четвртокот.
„Рамнотежата на понудата и побарувачката во 2025 година и натаму изгледа неповолно, за повеќе од 1,0 милиони барели дневно во 2025 година, според нас изгледаат претерано. Дури и доколку OPEC+ (OPEC и земјите големи независни производители предводени од Русија – з.р.) продолжат да го ограничуваат производството, пазарот би можел сѐ уште да биде во суфицит“, вели лидерот на тимот во енергетскиот сектор на банката DBS“, Сувро Саркар.
Иако на годишно ниво, побарувачката за нафта се зголеми во првата половина на декември, вкупната побарувачка остана пониска од очекувањата на некои аналитичари. Аналитичарите во „JP Morgan“ велат дека растот на глобалната побарувачка на нафта досега во декември е за 700.000 барели дневно помалку од очекуваното, додавајќи дека глобалната побарувачка оваа година пораснала за 200.000 барели дневно помалку од прогнозата во ноември 2023 година.
Официјалните податоци на Управата за енергетски информации во средата покажаа дека залихите на сурова нафта во САД минатата седмица паднале за 934.000 барели. Аналитичарите очекуваа пад од 1,6 милиони барели.
Слични новости
Волстрит нагло падна по пораката на Fed
На Волстртит цените на акциите нагло паднаа во средата, при што индексот Dow Jones се лизна десетти ден со ред, откако челниците на американската централна банка порачаа дека треба да биде забавено темпото на намалување на каматните стапки
Цените на нафтата благо пораснаа кон 74 долари
Цените на нафтата се зголемија во средата, поддржани од податоците за падот на залихите на сурова нафта во САД, додека инвеститорите претпазливо го очекуваат потенцијалното дополнително намалување на стапката на централната банка на САД
Светската побарувачка на јаглен руши рекорди
Побарувачката ќе остане релативно стабилна до крајот на 2027 година, бидејќи обновливите извори на енергија играат сè поголема улога во производството на електрична енергија