Климатските научници проценуваат дека екстремните горештини што ги носи феноменот „ Супер Ел Нињо“ во наредните шест месеци може да доведат до повеќе од 450 000 смртни случаи.
Проценката се однесува на периодот од септември 2026 до февруари 2027 и не ги опфаќа предвремените смртни случаи кои се веќе поврзани со растот на температурите поради климатските промени. Последиците би можеле да се почувтсвуваат од Индонезија и Индија па се до САД.
Освен екстремните горештини се очекуваат и последици како суши, шумски пожари и поплави кои често уследуваат за време на силните епизоди на Ел Нињо.
Слични новости
Легендарните „У 2“ ќе настапат на полувремето на НФЛ натпреварот на денот на благодарноста
Стриминг гигантот Нетфликс објави дека се договорил со ирскиот легендарен бенд У2 да настапува на полувремето на НФЛ натпреварот на денот на благодарноста во САД. Натпреварот ќе се игра на 25 ноември на стадион во Лос Анџелес.
Аманпур го напушта „Си-Ен-Ен“ по 43 години кариера во телевизијата
Kристијанa Аманпур, една од најпознатите новинарки на „Си-Ен-Ен“, во јуни следната година ќе ја заврши својата 43-годишна кариера во телевизијата.
Ретка слика на Мондријан на аукција по цена до 30 милиони фунти – се изложува за првпат по 25 години
Ретката апстрактна слика „Композиција III“ од холандскиот уметник Пит Мондријан се очекува да биде продадена на аукција во Лондон за сума меѓу 20 и 30 милиони фунти.


