Натпреварот од италијанското фудбалско првенство помеѓу Милан и Комо, кој треба да се игра во Перт, Австралија во февруари, е под сè поголем сомнеж.
Италијанските медиуми известуваат дека постојат сè поголеми сомнежи за изводливоста на играњето на натпреварот од Серија А во Перт, Австралија.
Порано овој месец, УЕФА даде дозвола натпреварот од Серија А помеѓу Милан и Комо, закажан за 8 февруари, да се игра во Перт. Постојаниот дом на Милан, стадионот „Џузепе Меаца“, ќе биде окупиран во тоа време поради Зимските олимписки игри.
УЕФА, исто така, издаде дозвола натпреварот од шпанското првенство помеѓу Виљареал и Барселона да се игра во Мајами, но Ла Лига подлегна на притисокот и се откажа од идејата.
Италијанските медиуми објавуваат дека истата судбина може да го снајде и натпреварот помеѓу Милан.
Имено, за натпреварот да се игра во Австралија, Серија А сè уште треба да добие дозвола од Австралиската фудбалска федерација, АФЦ и ФИФА.
Наводно, се зголемува „надворешниот притисок“ врз АФЦ да го спречи одржувањето на натпреварот во Австралија со тоа што ќе одбие да даде дозвола.
Слични новости
Верстапен не успеа да му ја земе титулата на Норис во Формула 1
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даб
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1


